Press "Enter" to skip to content

Утре Стрежевската акумулација ќе биде домаќин на Балканскиот куп во спортски риболов

-Стрежевската акумулација и годинава ќе биде домаќин на еден од најтрадиционалните спортски настани во Битола – Балканскиот куп во спортски риболов.

Во организација на ЗРРЕСК „Црна Река 1929“ – Битола, со поддршка на ЈП „Стрежево“ – Битола, утре, недела, 23 август, ќе се одржи јубилејното 30.издание на натпреварот, во дисциплината „лов на риба со јадица на пливка“. На натпреварот ќе настапат екипи од Македонија, Србија и Црна Гора, кои ќе се натпреваруваат во поединечна и екипна конкуренција.

Натпреварувањето ќе се одржи на м.в. „Втора Црвејнца“, каде што учесниците ќе ги одмерат своите риболовни вештини, знаење и искуство.

Три децении Балканскиот куп не е само натпревар. Тој е традиција што трае, место каде што спортот ги поврзува луѓето и каде што риболовот прераснува во вистинско пријателство и дружење.

More from ВестиMore posts in Вести »