Press "Enter" to skip to content

Еден битолчанец на голот на Охрид, друг од Охрид се врати во Пелистер

Екипата на Пелистер по раскинувањето на договорот со првиот голман, Рајчиќ, кој бранеше во есенскиот дел, го реши проблемот за голманската позиција. Оваа пролет на голот на Пелистер ќе биде Мартин Јовановски, кој по неколку години се враќа во тимот.

Мартин Јовановски, настапуваше за екипата на Охрид, а по раскинот на договорот сега е веќе член на Пелистер, откако стави потпис на договорот со зелено-белите.

Јовановски го чуваше голот на Пелистер во сезоната 2014/15.

Голманската позиција беше една од позициите каде тренерот Јошко Петровиќ побара засилување, а сега кога има две нови имиња во клубот, може послободно да го очекува и третото, за кое рече дека го посакува, но не е неопходно.

Со Јовановски ќе се засили екипата која во пролетниот дел ќе атакува на четвртото место во плеј-офот кое носи и излез на европска сцена.

Инаку, пред Јовановски, управата на Пелистер, преговараше со Филип Ивановски од екипата на Еурофарм Работник, кој сега како позајмен голман ќе брани за Охрид, а од Охрид, Пелистер доби нов голман.