-500 бебе, бројка што станува традиција за д-р Кристинка Пајаковска.
Во болница “Плодност“ се роди Хира – прекрасно женско бебе и јубилејното 500-тото новороденче за оваа 2026 година. Хира тежи 2.780 грама и е долга 48 сантиметри. На мајката, ова и е второ дете.
И мајката и бебето се чувствуваат добро, и упатуваме честитки до среќните родители и им посакуваме многу здравје, среќа и убави моменти со малата Хира!, соопштија од болница “Плодност“ – Битола и додаваат:
-Успешните породувања во континуитет продолжуваат да се испишуваат.Овие фотографии се дел од спомените создадени низ годините со нашите петстоти бебиња. А, во текот на 15 години работа на болницата “Плодност“, токму д-р Кристинка Пајаковска, во 2017, 2021, 2025 и 2026 година, со врвна стручност и професионалност, ги донесе на свет јубилејните новороденчиња во нашата болница!






