Денес во салата на Општина Новаци, се одржа третата форумска сесија во рамки на проектниот форум, како дел од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“.
Проектот е финансиран од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а го спроведува и кофинансира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.
Општина Новаци е една од десетте нови партнерски општини вклучени во четвртиот циклус на втората фаза од програмата. Целта на проектот е да придонесе кон поголема отвореност, транспарентност и отчетност на локалната власт, како и зголемено учество на граѓаните во процесите на носење одлуки на локално ниво, со што се создаваат подобри услови за подобрување на квалитетот на живеење во локалната заедница.
Сесијата започна со поздрав и добредојде за присутните, по што беше претставен дневниот ред и целите на форумската сесија. Беше направен и осврт на претходната форумска сесија и активностите реализирани во периодот меѓу двете сесии. Во продолжение беа презентирани правилата и критериумите за избор на проекти, по што следуваше презентација на предлог-проектите (концептите). Присутните имаа можност да се запознаат со предложените проектни идеи, да дискутираат и да дадат свои мислења и предлози.На крајот од сесијата беше разговарано за понатамошниот тек на процесот, беше определен термин за следната сесија 30.09.2026 година во 12 часот, а учесниците дадоа оценка на досегашната работа и беа договорени следните чекори.
Преку ваквиот партиципативен процес, Општина Новаци продолжува да создава можности граѓаните активно да учествуваат во утврдувањето на локалните приоритети и изборот на проекти од значење за заедницата.






