Press "Enter" to skip to content

Општина Битола и со ЖРК Пелистер ќе потпише ракометна платформа

На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе се најде договорот, односно ракометната платформа меѓу Општина Битола и Женскиот ракометен клуб „Пелистер 2012“ Битола. Цел на оваа платформа е поддршка на активностите, развојот и промоцијата на спортот-ракометот кај женската популација во Општина Битола.

Договорот кој ќе биде разгледуван на седница на Советот на Општина Битола не значи и не претставува основ за промена во капиталната структура, припојување, преземање, поделба или било каква друга статусна промена на клубот.

Ова денеска беше дискутирано на средбата на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски со првите луѓе на клубот и ракометарките.