Press "Enter" to skip to content

Реакција на фудбалски работници по одржаното Собрание на ОФС Битола

По одржаното Собрание на ОФС Битола и реизборот на Златко Талевски за старо-нов претседател на ОФС Битола, и со реизборот на Управниот одбор на ОФС, со реакција се јавија неколку фудбалски работници од Битола. Во реакцијата која ја потпишаа тие се вели:

Пеце Стојчевски, претседателот на ФК Пелистер: Според објавената фотографија во медиумите од одржаното Собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, десеттина лица кои се наоѓаат на фотографијата не се делегати на Собранието, а уште помалку имаат врска со фудбалот.

Борче Јовановски, претседателот на ФК Новаци: на фотографијата се лица кои се блиски роднини со членовите на Управниот одбор на ОФС Битола, татко, брат и со Собрание и фудбал немаат ништо заедничко, а уште помалку со делегатски мандати.

Љубомир Крстевски, интернационален фудбалски судија:  На Собранието има лица кои беа фудбалски судии, но по моите сознанија тие според последното изборно собрание на ОФС Битола не се делегати, што може да се види од списите добиени од Централниот регистар.

Кире Грбевски, тренер на ЖФК Топ гол: На Собранието нема тренери, ниту пак спортски работници.

Зоран Стојчевски од ФК Црна Река: Со кого овие од ОФС Битола прават собрание? Каде им се претставниците на клубовите, како ние, Буково, Долно Оризари, Горно Оризари, Поешево, Космос , Победа, Космос, Еленик, Младост, Пелагонија, Пелистер, Лисолај, Добрушево и многу други за кои во моментов не можам да се сетам.

Пеце Тодоровски, екс претседател на ОФС Битола: Зошто Собранието се одржува зад затворени врати и зошто не им е дозволен пристап на новинарите. Колку делегати имаше во ресторанот “Путник“ и дали се гости или делегати никој не знае.

Инаку според потписниците на реакцијата, додека се одржувало Собранието надвор од ресторанот, имало околу 40-тина лица, а велат дека за брзо ќе докажат дека ова Собрание е фалсификат, кој е аминуван од ФФМ, кои ги заверуваат последните неколку невалидни Собранија на ОФС Битола, иако знаат дека се фалсификат.

За брзо време вистината ќе излезе на видело, т.е. мнозинството ќе организира Собрание, какво што му доликува на спортска Битола, според сите закони и стандарди пропишани од ФФМ, УЕФА и ФИФА, се вели во реакцијата на фудбалските работници од Битола.