Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Работник во Охрид ја одигра последната контрола пред Хановер

Охрид – Еурофарм Работник 22:31 (14:16)

Тренерот на екипата на Еурофарм Работник е задоволен од тоа како неговите ракометари го одиграа натпреварот против Охрид, и победија со 22:31, кој се одигра со салата “Билјани извори“.

Екипата на Чирковиќ водеше во текот на целиот натпревар, а скоро сите ракометари кои добија шанса, ја искористија и се комбинација за натпреварот кој ќе се одигра в сабота во Германија, во рамките од првото коло од групната фаза на ЕХФ.

-Задоволен сум од последната контрола пред мечот со Хановер во Купот на ЕХФ. Во понеделник ќе го имаме првиот тренинг во комплетен состав и четири-пет дена да поработиме заедно, бидејќи заради Светското првенство не бевме комплетни во најголемиот дел од подготовките, не беа со нас репрезентативците, вели тренерот Чирковиќ.

Еурофарм Работник на 9 февруари во Германија против Хановер ќе го одигра првиот натпревар од Б групата на ЕХФ Купот.

 

More from СпортMore posts in Спорт »