Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 7.9.2026 година. Ова доаѓа откако Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти, мерка која ќе важи две недели. Без намалениот ДДВ и претходното кратење на акцизата, дизелот денес би бил за околу 11 денари поскап.
Од 15.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 100,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 102,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 109,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 48,243 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 4,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,242 ден/кг. и сега ќе изнесува 48,243 ден/кг.






