Советот за социјална заштита на Општина Битола во соработка со СВР Битола и ЈУ МЦСР Битола одржа едукативен настан на тема „Дигитална безбедност, дигитално насилство и рано препознавање на ризици кај деца“ на која присуствуваа 40 претставници на основни и средни училишта, стручни служби, совети на родители, здруженија и други институции.
На настанот беа презентирани и потенцирани мерки за дигиталната безбедност, рано откривање на дигитално насилство и преземање мерки како и рано откривање и препознавање на секакви ризици кај деца.
Настанот привлече голем интерес кај присутните и на истиот се разви долга и корисна дебата , при што се споделуваа и најразлични искуства.






