Press "Enter" to skip to content

Денес започна есента, ќе трае до 21 декември

-Астрономската есен 2026 година започна денес, на 23 септември во 2:05 часот наутро.

И официјално од денес е веќе есен. Денес е и есенската рамноденица кога денот и ноќта приближно имаат исто времетраење, а следува период во кој деновите ќе стануваат се пократки, а ноќите подолги.

Сепак иако официјално сме во есен, актуелните прогнози покажуваат дека летото сеуште не е заминато бидејќи последната недела од септември ќе донесе температури кои ќе бидат над просекот и наместа ќе достигнат и до 30 степени.

И додека на северната хемисфера е есен, на јужната хемисфера настапува пролетта.

Есента ќе трае до 21 декември до 09:50 часот кога официјално ќе започне зимата.

Според глобалните метеоролошки прогнози, над Европа се враќа т.н. „топлинска купола“. Овој феномен ќе донесе необично топло време за овој период од годината при крајот на септември и почетокот на октомври, со температури кои на места ќе бидат и за 8 до 12 степени над просекот. Најтоплата воздушна маса ќе се задржи над Средоземјето, а потоа ќе се движи кон Централна Европа и Балканскиот Полуостров. Тоа ќе донесе температури кои повторно ќе се искачат до близу 30 степени Целзиусови.