Press "Enter" to skip to content

Црвениот тепих во Битола на затворањето на “Браќа Манаки“ низ објективот на Дамијана Ристевска (мега фотогалерија)

Домаќините од Битола и нивните гости и на затворањето на јубилејното 47. издание на  интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ поминаа по црвениот тепих  пред влегување во големата сала на Центарот за култура во Битола, каде беа доделени наградите за најдобрите кинематографери.

По црвениот тепих поминаа меѓународното жири на фестивалот предводено од оскаровецот Воли Фистер, кој годинава го предводи жирито во официјалната селекција за Камера 300 заедно со Семи Капланоглу, Давид Шамбиј и Наташа Петровиќ…

Кинематограферот Жонгчијанг Лианг за “Непозната девојка“, жирито за наградата Кристална камера 300 за студентската камера Ана Сари, Елеонора Венинова и Мајкл Чонг и други гости од странство.

Се појавија и поминаа и актерите од македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“, режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кинематограферот Дејан Димески и авторската и продукциската екипа.

Помина по црвениот тепих градоначалникот на Битола – Тони Коњановски со дел од советниците, ректорот на УКЛО Битола проф. д-р Игор Неделковски, љубители на филмот од Битола, бизнисмени, спонзори на фестивалот, спортисти…

Низ мега фотогалерија ви прикажуваме дел од битолчани и нивните гости кои беа на свеченото затворање на “Браќа Манаки“.

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за мега фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1723577142814438&set=pcb.1723581202814032&locale=mk_MK

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »