Ваља Атлагиќ и Калина Андреевска со медали дебитираа на “Цевитана алпскиот куп“, а Илина Златевска не стигна до медал.
На падините на Маврово се одржа “Цевитана алпски куп“ на кој покрај скијачите од сите ски-клубови од Македонија се натпреваруваа и три скијачки од скијачкиот клуб Пелистер.
Младата битолска скијачка надеж Ева Милевска, продолжи со одличните настапи и уште еднаш докажа дека е најдобра македонска скијачка. Милевска со победата нас своите конкурентки во У12 докажа дека е најдобра и без конкуренција, а на два пати за брзо време ги победи конкутентките од Скопје и Тетово, кои и се конкуренција.
На патеката над Маврово, две битолски млади скијачки имаа свој деби, а од таму се враќаат со медали. За прв пат се скијаја на “Цевитана алпски куп“. Србрен медал и втото месо во категорија У8 освои Вања Атлагиќ, а во категоријата У10 бронзен медал и трето место освои Калина Андреевска.
И Илина Златевска извози добра трка, но не освои медал, а се пласира во У10 на седмото место.
-Одлично работевме изминатиот период со младите скијачи од Битола, успесите на трките го потврдуваат тоа, а се надеваме дека и во иднина сите ќе имаат одлични настапи и ќе освојуваат медали, ќе бидат гордост на скијачкиот клуб Пелистер и на Битола, истакнуваат од ски-клубот Пелистер.






