Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец возел со 1,62 промили алкохол во крвта, групна тепачка – двајца повредени

На 27.09.2026 во 01:06 часот на ул. „Ѓорги Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.З. (64) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.09.2026 во 01:00 часот во СВР Битола е пријавено дека пред ноќен клуб во Битола настанала физичка пресметка меѓу повеќе лица, при што лицата две лица на возраст од 19 и 22 години, двајцата од Битола, се здобиле со повреди. Увидот го изврши увидна екипа на СВР Битола. По документрирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.