Пелистер – Крива Паланка 72:55 (22:27, 20:05, 20:12, 10:11)
Кошаркарките на Пелистер продолжуваат со добрите игри на домашен терен и освојувње на нови бодови. Овој викенд во Битола ја убедливо ја победија екипата на Крива Паланка со 17 коша разлика.
-Одигравме рутински прволигашки натпревар, а тоа што важевме дека сме фаворити пред почетокот на средбата на паркетот во спортската сала “Боро Чурлевски“ и го докажавме, вели тренерот на Пелистер, Горјан Стојановски.
За екипата на Пелистер настапија: Ана Стојановска, Вероника Павловака, Стефанија Костадиновска 14, Христина Ставревска, Ангеле Трајчевка, Теодора Кузмановска 24, Илина Кулевска, Анастасија Мојсиќ, Норче Мемедова 23, Ана Талевска 2, Кристина Ивановска 9, Ивана Геровска.
Во наредното коло девојките од Пелистер гостуваат во Кавадарци, а ќе играат против екипата на Трокал.






