На состанок на Управниот одбор на Сојузот на спортови, беше одреден денот на кој ќе се одржи изборот на најдобрите спортисти на Битола за 2018 година.
Изборот ќе се одржи на 22 февруари, со почеток во 19 часот, во ресторанот “Белведере“.
До сите клубови, членки на Сојузот на спортови, е упатено писмо, оние кои се уште го немаат направено, да ги пријават кандидатите од своите клубови за избор на спортист на Битола за 2018 година, во писмена форма, а како прилог доказ за постигнатите резултати, дипломи, билтени и друго.
Изборот ќе се врши според критериумите на Сојузот на спортови, врз основа на предлозите на членките на Сојузот.
Покрај најдобрите сениори, ќе се прогласат и најдобрите младинци, екипи во сениорска и младинска категорија, најуспешен спортист од ССРИ-Битола, двајца професори по физичко виспитување, екипни победници на Ноќната трка 2018 година, спортски работници, согласно Статутот на Сојузот на спортови.
Исто така и новоформираните клубови кои не се членки на Сојузот на спортови да достават апликација за прием во Сојузот на спортови и да достават документи за регистрација.






