Во Основното општинско училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола успешно е завршена реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија, во вкупна вредност од 80.314 евра.
Со оваа значајна донација се унапредуваат условите за работа и престој во училиштето, се зголемува безбедноста и се создава поквалитетна и посигурна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес.
В.Д. директорката на училиштето, Катерина Наумовска истакна дека поддршката од Амбасадата на Јапонија, заедно со инвестициите што ги реализира Општина Битола, претставува значаен придонес во подобрувањето на училишната инфраструктура и создавањето подобри услови за учениците и вработените.
На свеченоста по повод завршувањето на реконструкцијата присуствуваа Амбасадорката на Јапонија г-ѓа Сецуко Кавахара и заменик-градоначалничката на Општина Битола, Марина Крстиќ.
Реализацијата на овој проект претставува уште еден чекор кон создавање побезбедни, посовремени и поквалитетни услови за образование на најмладите.

Со јапонска донација реконструиран кровот на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Елена Неделковска, сопственичка на детската градинка “Мали генијалци“: за 12 години научивме дека секое дете е различно, не постои една формула која функционира за сите
- СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати
- УКЛО и пријателите со Отворен ден на Факултетот за биотехнички науки – Битола (фотогалерија)
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен





