Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: скопјанец возел без возачка, малолетничко насилство, пронајдени стари гранати

На 20.10.2026 во 22:45 часот на ул.„Васко Карангелевски“ во  Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Е.Љ. (20) од Скопје. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „бмв“  со  скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Љ., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2026 во 12:00 часот во СВР Битола, П.Ј. (48) од Битола пријавил дека на ул. „Борис Буџевски“ во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници . Се преземаат мерки з а расчистување на настанот.

На 20.10.2026 во СВР Битола е пријавено дека во 10:10 часот од објект во близина на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал две артилериска гранати калибар 75 мм од Првата светска војна. Додека, од ул. „Метрополитска“ во комплекс Касарни било подигнато едно панцирно зрно калибар 60 мм, исто така, од Првата светска војна.    

More from ВестиMore posts in Вести »