Press "Enter" to skip to content

Преку “Спорт талент“ битолските фудбалски таленти во Шпанија и Франција

“Спорт талент“ овозможува на сите битолски фудбалски таленти едномесечно претставување и обсервирање во една од академиите на познатите европски клубови Мец во Франција и Ваљадољид во Шпанија.

Дали Вашиот сон е да станете професионален фудбалер? Дали би сакале да бидете дел од најдобрите светски лиги? Доколку на Вашиот талент и упорност им е потребен само мал стимул и шанса да биде виден.

Тогаш, “Спорт талент“ може да Ви помогне и ќе Ви овозможи да бидете дел од две светски признати фудбалски академии.

Имено, се проект кој преку нашите партнери односно амбасадорите на овие два клуба имаме можност за нашите талентирани фудбалери да бидат дел од овие академии, со што директно би учествувале во нивните редовни тренинзи, сместени во нивните академии што опфаќа целосна покриеност во однос на спортски режим и исхрана.

Почитувани таленти, почитувани тренери и нивни родители за повеќе информации околу цената за минимум едномесечно претставување и обсервирање во една од академиите на ФК Мец – Франција или ФК Ваљадољид – Шпанија обратете се на емаил sporttalentbitola@gmail.com или 075 339 519, како и останете во тек со нашите идни проекти за апенинскиот полуостров.