Денес на градкиот стадион “Петар Милошевски во Битола се одржа меморијален фудбалски турнир во чест на почит на нивниот неодамна починат капитен Божо Димчевски – Јабланот, а целиот турнир е во организација на ФК Пелистер Ветерани од Битола.
На турнирот во Битола учествуваа три екипи на ветерани, а покрај домаќите учесници беа ветараните на Борец од Велес и Тетекс од Тетово.
Митко Стојковски од Пелистер Ветерани за овој турнир рече:
-Ние како екипи на ветерани редовно се дружиме и играме пријателски натпревари со ветераните на Тетекс, Победа, Тиквеш, Борец…, оние кои се подобро организирани, а денес во Битола исто така одржуваме турнир кој за жал е во чест на нашиот неодамна починат капитен Божо Димчевски – Јабланот. Ние, тетовчани и велешани сме некако најорганизирани и повеќе се дружиме, а така ќе го паметиме и Боки Јаблал, кој беше омилен кај сите екипи, посебно во дружењето, како ние велиме “трето полувреме“. Денес ќе играме секој со секој, по 35 минути, со оглед на временските услови, но и според можностите на ветераните кои ќе бидат на терен. Денес на теренот под Тумбекафе ќе излезат повеќе познати имиња од Битола, Велес и Тетово.
Панче Ќумбев во Битола дојде со своите соиграчи Илче Боров, Перо Ранготов, Баже Петров, Баже Левков, а за дружењето вели:
-Ние со битолчани имаме една стара врска, а таа врска беше и Зоран Паунов кој за жал не е повеќе со нас, а бранеша кај вас во Битола. Атер за него ние одржуваме силна врска со битолчани, која трае веќе дваесет госини, а сега сме плус и тетовчани. Мисла дека ова е едно прекрасно дружење и мотив плус ветераните да се собираме почесто. Сакаме да поттикнема ФФМ да организира и лига на ветерани. Мислам дека ветераните фудбалери имаат дружење, но не се сите организирани како Борец или Пелистер, а добри се Тетекс и Работнички за другите не знам.
Ќумбев се потсети и дека во Битола против Пелистер играл во две екипи на Борец во Битола.
-Повеќе се сеќавам на дерби натпреварите кои ги играв во дресот на Победа против Пелистер, во пелагониските дерби натпревари. Кога потпишав за Победа во 2000 година на првото дерби во Прилеп против Пелистер имаше 15.000 публика, а 1.500 беа од Битола, а исто беше и во Битола. Во тоа време тоа беа големи дерби натпревари. Јас морам да кажам и тоа дека во дресот на Борец дебитирав во Битола на пријателски натпревар во 1997 година, тоа е моменти кои не се забораат додава Ќумбев.
Стојмир Цоле Урошевиќ од Тетово, на денешниот престој се просети на натпреварите во Битола, повеќе во дресот на Вардар, а најмногу се сеќава на прекинатиот натпревар во Битола, Пелистер – Вардар, кога се евакуирале по селски патишта за безбедно да ја напуштат Битола после тензичниот натпревар во 1992 година.
-Имаме долги заеднички врски на ветераните на Пелистер и Тетекс и имаме доста одиграни натпревари, денес домаќините се одлучија да биде тромеч, а за жал денес играме во чест на нивниот починат капитен Боки Јаблан, кој ќе паметиме како позитивна личнист, кои за жал ни недостигнаат во ова време. Поводот не е убав, но убавото е што правиме нешто во негова чест и продолжуваме една традиција. Со нас тука се Мирчевски, Жарко Стојановски, Јове Божиновски, Ивица Јовановски, Прњачесли, Пикси Веселиновски кој иако е од Битола ќе биде во дресот на Тетекс. Јас сакам да им препорачан на младите да го следат примерот на нас постарите, а мислам дека се помалку се интересираат за вакви средби и дружби. Ние се трудиме да одржуваме да одржуваме пријателства, а ова што го правиме нема цена, рече Стојмир Цоле Урошевиќ од Тетово.
Како и на секој натпревар на ветераните од ваков тим резултатот секогаш е во втор план, има жар на теренот, расправија за гол или шанса, но третото полувреме кое ќе се одржи вечерва во ресторан “Белведере“ во Битола е шанса за ново дружење.
Текст и фото: Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1753394519832700&set=pcb.1753396119832540











