Press "Enter" to skip to content

ОУ “Стив Наумов“ од Битола го одбележа патрониот празник (фотогалерија)

По повод 106 годишнината од раѓањето на народниот херој Стеван Наумов-Стив, вечерва учениците на ООУ “Стив Наумов“ од Битола и нивните ментори, со свечена академија во Офицерски дом, пред присутните родители, роднини, видни личности од јавниот живот и соработници ги заокружија деновите на прославувањето на нивниот патронен празник.Свое обраќање имаше и директорот на основното училиште, Никола Пискачев кој се осврна сите досегашни достигнувања, поставување на фотоволтаици, топлински пумпи и енергетска фасада, со што училиштето оправдано го понесува епитетот модерно “зелено“ европско училиште, а за нидни0т патрон Стив Наумов истакна:-Има имиња што не се изговараат само за да се одбележи еден датум. Се изговараат за да нè потсетат кои сме, што вредиме и каква одговорност носиме. Стив Наумов е едно од тие имиња. Млад човек, со живот пред себе, со соништа и со иднина што можела да биде долга. Но времето во кое живеел барало избор. Тој не избрал да стои настрана. Не избрал да молчи. Избрал да се бори. И токму затоа, децении подоцна, неговото име сè уште одекнува. Не затоа што времето застанало во неговата младост, туку затоа што неговата храброст продолжила да живее. Вечерва не сме тука само да му оддадеме почит на еден херој. Тука сме да се потсетиме дека секоја генерација има своја одговорност, а секое време бара луѓе со храброст, знаење и карактер.-Ние сме генерацијата што има задача да гради. Да создава услови во кои младите ќе растат слободни во мислата, сигурни во своите способности и подготвени да го менуваат светот со знаење и со дела. Тоа е нашата борба.  Во изминатите години, нашето училиште чекор по чекор го менуваше својот лик. Со новата фасада, фотоволтаиците и топлинските пумпи, со реконструираниот преден двор, со зеленило и отворената училница во задниот двор, со повеќе од 150 засадени садници и со изградбата на новата спортска сала, создаваме подобри услови за животот и работата во училиштето. Но, најважното не е во ѕидовите, зеленилото подовите или опремата. Најважно е што ќе се случува меѓу тие ѕидови, а тука прес се се учениците. Затоа сме горди на нашите ученици и на нивните успеси на државните и меѓународните натпревари. Горди сме на нивните спортски резултати, на нивната креативност, на нивните литературни и ликовни творби. Но, еднакво сме горди и на секој мал напредок, на секој совладан страв, на секој ученик што открил дека може повеќе отколку што верувал.На присутни им се обрати и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски кој им ги честите патронот и додаде:-Денес присуствував на пуштањето на топлотните пумпи и заедно со енергетската фасада и фотоволтаиците ова училиште го прават модерно училиште и се ова ќе го замени греењето со нафта на училиштето и спортската сала која по техничките исправки кои се прават ќе продолжи да се гради. Имаме и други работи, денес ја видов и еко-училницата, а сето ова зборува за еден колектив кој посветено работи. Ние продолжуваме да ги поддржуваме успешните. Историјата мора да ја почитуваме, да го зачуваме семејството, и секако да мислиме за младите, кои сакаме да останат тука.Пред присутите зборуваше и внукот на Стив Наумов кој нагласи дека ова училиште има голем развој од година во година, успешен директор, одлични наставници и им упати порака да продолжат на ваков успешен начин.На свечената ориредна беа избедени музички точки, настап на училишниот хор, солисти – ученици од училиштето, е беа изведени и рецитали во чест на патронот Стив Наумов. Благодарници по повод патрониот празник беа доделени на градоначалник Тони Коњановски, семејството на Стив Наумов – Стефан Бошков, на претседателот на училишниот одбор – Александар Вангеловски, на советот  на родители Соња Кондовски, “Минт групација“, “Кромберт и Шуберт“  и “Атик Инвест“ од Битола.Посебна чест и беше укажана на оние кои овој период се пензионираат, а дале голем продонес во развојот на училиштето и востипувањето на многу генерации на ученици.

На свечената академија и претходеа низа на настани во рамките на “Неделата на Стив“ за што беше емитуван и мал документарен филм, а посебно видео имаше за новата еко-училница. Посебно за истакнување е веќе традиционалната крводарителска акција во соработка со Црвениот крст.

Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo/?fbid=1758014979370654&set=pcb.1758016376037181

More from ВестиMore posts in Вести »