Press "Enter" to skip to content

Во Битола облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 11 степени

Денес, вторник, 3 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 11 степени.

Утре, среда, 4 ноември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 14 степени.