Press "Enter" to skip to content

Битолчани денес го слават роденденот на градот, 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето

На денешен ден, 4 ноемри, во 1944 година, пред точно 80 години, борците на 49-тата дивизија на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија во чии состав биле и борците на Седмата битолска бригада, победоносно марширале низ Битола, откако го ослободиле градот од окупаторот.

Општина Битола пред десетина дена го започна празнувањето на Денот на ослободувањето, а вечерва е централната прослава, односно Свечената академија каде ќе бидат доделена наградата за животно дело, а ја добива Борис Чоревски.

Празничната програма е обемна, синоќа се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, 68 по ред, се отворија три спомен соби на Александар Стерјовски во Офицерски дом, се одржа слушачка промоција, се емитување дикументарен филм за Ајри Демировски, а празнувањата започнаа со концерт на Бојна Скендеровски. 

Вечерва ќе бидат доделени и 4-то ноемвриските награди, а добитник на наградата за животно дело е актерката Соња Михајлова.

Празнични манифестации ќе бидат одржани и во наредните денови.

Инаку, да потсетиме, за време на Втората светска војна, околу 270 борци од Битола и Битолско ги положиле животите за слободата на градот и според востановената традиција, претпладнево на Партизанските гробишта ќе биде положено цвеќе.

More from ВестиMore posts in Вести »