Press "Enter" to skip to content

68. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со повеќе од 600 учесници (мега фотогалерија)

Вечерва, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, по 68. пат на Широк Сокак во Битола во организација на Сојузот на спортови на Битола и Општина Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка, на која учествува повеќе од 600 учесници.Како и изминатите години и годинава битолчани ја видоа и учествуваа на трка на ниво на високопрофесионални натпревари од ваков вид, а таа е дел од програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола. Стартот беше на Широк Сокак, а според возраста од повеќе места, а целта на “Магнолија“.Годинава по ладно време, послед обилните дождови, на Широк Сокак трчаа основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани, во 24 категории, во машка и женска конкуренција, а сето тоа претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.На најстариот спортски настан во градот и во земјата, зедоа учество и други граѓани, а настапија во категории до 40 и над 40 години.Победниците на трката ги поздрави и им подели медали и дипломи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој подвече дека оваа година трката се одржува во предвечерието на Денот на ослободувањето на Битола и е дел од големиот број на настани со кои, ние битолчани, го одбележуваме овој ден.-Горд сум што воочи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. Битола во изминатата година реализира голем број на проекти со кои се подобруба спортската инфраструктира во Битола и со реконструкција на некои спорстки објекти. Сега имаме голем број на спортски објекти на кои се ќе “раѓаат“ нови спортисти кои ќе ги бранат боите на битолските спортски клубови. Не послужи и времето, па после големите дождови имавме убава трка. На победниците им посакувам уште многу успеси, рече Коњановски додаде дека ваквите натпревари ќе бидат поттик за што повеќе спортски активности на младите битолчани, а посебно што се натпреваруваат голем број на ученици и граѓани кои со тоа даваат дополнителен придонес за празнувањето на Денес на ослободувањето на градот и го збогатуваат, заедно со другите манифестации.

На ноќната трка и прогласувањето присутен беше и престедателот на Советот н Општина Битола – Бојан Бојковски, а претседателот на Сојузот на спортови на Битола, Сашко Павловски пред стартот на трката рече:-Оваа најстара спортска манифестација која трае најдолго во Битола, веќе 68 година, а и ќе трае, а ако помножиме по колку битолчани учествувале секоја година ќе дојдеме до импозантни бројки, а организарањето на оваа трка ќе помогне за развој на спортот кај младите. Им честитам на сите учесници кои настапија, со поздрав да се видиме и в година во посилна конкуренција.На традиционалната ноќна атлетска трка, која се одржува во организација на Сојузот на спортови од Битола, во соработка со Сојузот на училишен спорт, и со Универскитетскиот сојуз на спортови,  со поддршка од општина Битола, за најдобрите беа доделени златен, сребрен и бронзен медал, за освоено прво, второ и трето место.Ноќната трка беше збогатена и со подароците за натпреварувачите кои беа доделени од “Бимилк“, “БВ Инжеринг“, ресторан “Бевледере“, германска компанија во Битола – “Бреиндчилд“, “Минт осигурување“ и “Цермат“.

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за мега фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1766478671857618&set=pcb.1766481795190639

More from ВестиMore posts in Вести »