Офицерскиот дом синоќа беше место за внимателно, заедничко слушање музика, со слушачката промоција на винил плочата „Полноќни приказни од Офицерскиот Дом”, програмата во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола.
Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски, четири музички имиња од светска класа, на вечерта во која вредеше да се остави телефонот, да се седне, да се слушне и она што обично ни бега додека животот се случува пребрзо.
Еден град живее и таму каде што се неговите луѓе. Во нивната работа, во музиката што ја создаваат, на сцените на кои излегуваат.
Некои од нив се далеку, со адреси и кариери низ светот, а сепак остануваат дел од она поради кое Битола има со што да се гордее. Со талент што одамна ја надминал географијата, а ја зачувал блискоста.
Гостите имаа можност да присуствуваат на слушачката промоција во пресрет на винилното издание.

Слушачка промоција на винил плочата “Полноќни приказни од Офицерски дом“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Од утре, 5 ноември, исплата на средства за клиентите на АЛТА банка без платежни картички во Битола
- Битола отвори три соби на својата меморија во чест на Александар Срерјовски
- Битолчани денес го слават роденденот на градот, 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето
- Во Битола променливо облачно со сонце, температурата до 13 степени
- 68. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со повеќе од 600 учесници (мега фотогалерија)





