Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта

На 06.11.2026 во 20:38 часот во с. Добрушево, општина Могила, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.Р. (53) од с. Мусинци, општина Могила. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле трактор без регистарски ознаки управуван од Г.Р.Б, при што констатирано било дека го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.92 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.11.2026 во 21:58 часот на ул. „Димитар Илиевски Мурато“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.Ј.(34) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило  „ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Ј., при што констатирано било дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1.60 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.