Press "Enter" to skip to content

Планинарската федерација со предавање за безбедно и одговорно движење во планина во зима

Со зимата се зголемува бројот на несреќи во планина, а голем дел од нив можат да се избегнат со добра подготовка, соодветна опрема и одговорни одлуки.

Предавањето е посветено токму на безбедното и одговорното движење во планина во зима: планирањето на турата, опремата (цепин, дерези, јаже), движењето по снег и мраз и препознавањето на опасностите. Наменето е за сите љубители на планината, од почетници до искусни планинари.

Настанот го организира Федерацијата за планинарство на Македонија  со поддршка на Општина Битола и Културниот и информативен центар – Битола. Тој доаѓа набрзо откако ФПСМ, на 17 октомври 2026 година во Закопане, Полска, стана полноправна членка на Меѓународната федерација за ски-планинарство (ISMF).

Федерацијата за планинарство на Македонија ве поканува медиумски да го проследите предавањето „Безбедно движење во планина во зимски услови“, кое ќе се одржи, среда, 11 ноември 2026 година, во 19:00 часот, во Офицерски дом – Битола. 

Поздравно обраќање: Даниело Божиновски, претседател на Федерацијата за планинарство на Македонија.