Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две пријави за физички напад врз партнерка, возач возел под дејство на алкохол, тешко поврден пешак

На 10.11.2026 во 23:10 часот во СВР Битола, 21-годишна битолчанка пријавила дека околу 17:00 часот била физички нападната од нејзиниот партнер К.У.. Според пријавеното, тој подолг период физички и психички ја малтретирал и и упатувал закани. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

На 10.11.2026 во 22:00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Г.А. (22) од Битола затоа што физички ја нападнал неговата 22-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2026 во 15:50 часот на патот Битола-Прилеп, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Р.Ш. (49) од с. Кукуречани, битолско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,67 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2026 во 11:47 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Анести Пановски“ во Битола, патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот З.Б. од Битола, удрило во 74-годишната Ц.М. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ц.М., констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »