Силниот ветер што од утрово дува на подрачјето на Битола предизвика проблеми на повеќе локации во градот. Силниот ветер предизвикува штети низ Битола, исршени гранки, паднати дваесетина дрвја, оштетени се возила, прекинато снадувањето со струја…
Три девојчиња се повредени од искршено стакло, излог е на матичното одделение во Срариот извршен совет во центарот на Битола.
Пожар е регистриран во населбата Лавци, каде интервенираше екипа на Битолската пожарна.
Избегната трагедија во населбата “Ремо“ во Нова Битола, додека дрво паднало врз автомобил во движење, инцидентот поминал без потешки последици.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, јужниот ветер во Битола започнал да дува синоќа, а денеска достигнал брзина до 54 километри на час. Уште посилни налети се регистрирани во Пелагонија. Кај мерната станица во Тополчани, синоќа ветерот дувал со брзина од 70 километри на час, а денеска во 11 часот достигнал 86 километри на час.

Силен ветер во Битола, паднат голем излог – три дејчиња повредени, пожар во Брусничк-лавчанска населба, паднати дваесетина дрвја
More from ВестиMore posts in Вести »
- На УКЛО Битола мастерклас на тема: „Одржливата иднина се создава поинаку од денес“ (фотогалерија)
- УКЛО Битола одржува годишна меѓународна научна конференција за целите за одржлив развој (AISC 2026) (фотогалерија)
- 30 милиони евра за микрофинансирање во Западен Балкан преку програмата SAFE
- СВР Битола: тешко повреден велосипедист на патот за Грција
- „Виена во Битола“ е распродаден – Оркестар ДИВА разгледува можност за втор концерт





