Press "Enter" to skip to content

Министерот за здравство Клековски во Битола на трибина за здравјето на младите

“Здравјето на младите“ беше тема на трибина во Битола, во организација на УМС Битола и УМС, на која учествувава министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со пратеничката Олга Лозановска, директорката на клиничката болница Битола Ненси Лозанче и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.За тоа што ги мачи младите денес и што се презема во таа насока министерот Клековски рече:

-Менталното здравје — притисокот, анксиозноста и осаменоста се голем предизвик, а менталното здравје е еден од приоритетите на Стратегијата за здравство 2021–2030. За матичните лекари воведовме превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите, а работиме и на проект за центри за ментално здравје на младите.На трибината се зборуваше и за нездравиот начин на живот — малку движење, лоша исхрана, тутун и вејпови. Со локалната самоуправа работиме на инфраструктура за физичка активност, а работиме и на сузбивање на пушењето, како и за здравственото осигурување, односно за тоа дека ниту еден млад човек не смее да остане без здравствена заштита. Тринината се одржа на Светскиот ден на дијабетесот, па затоа и се зборуваше и за превенцијата, раното откривање и подобрата грижа за младите со дијабетес.За младите лекари и здравствени работници дека мора да имаат сигурно работно место, подобра плата и услови за работа и  збогатување на работата — стручни престои, обуки и менторство, дома и во странство.