Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: нормализирано и водоснабдувањето со чиста и питка вода.

ЈКП “Водовод“ Биотла ги  информира граѓаните дека поради обилните врнежи на дожд во попладневните и вечерните часови, во текот на вчерашниот ден16.11.2026, за да продолжиме со нормално водоснабдување на град Битола, биле приморани да вклучиме пумпи кои пумпаат вода од пумпна станица Довлеџик до филтер станицата во Дихово.

Но, поради дефект на напоен далновод кој ја снабдува пумпната станица со електрична енергија кој траеше повеќе од 2 часа, не бевме во можност да вршиме доток на вода до филтерница Дихово.

Со тоа беше предизвикано нарушување на нормалното водоснабдување со чиста вода за пиење во одредени повисоки делови од градот. По нормализирање на напојувањето со ел. енергија веќе се нормализира и водоснабдувањето со чиста и питка вода.
ЈКП Водовод – Битола.