Press "Enter" to skip to content

Самоил Ристевски: да ја искористиме секоја слабост на Гумерсбах

Вечерва во Битола Еурофарм Пелистер го игра правиот од трите натпревари во Лигата на Европа, а во спортската сала “Боро Чурлевски“ гостува бундеслигашот Гумерсбах. “Пелистерци“ посакуваат бодови за да ја продолжат трката по пласман во елиминациите од Лига Европа.

Покрај тренерот Червар на официјалната прес конференција збоуваше кружниот напаѓач Самоил Ристевски знае со каков противник тој и соиграчите ќе си имаат работа и дека не треба да се наметнува дополнителен притисок кај играчите за овој натпревар.

-Гумерсбах доаґа од насилната лига во светот. Секогаш кога играте против екипа од Бундес лигата, знаете дека станува збор за исклучително квалитетен противник. Секако, секо тим има свои добри и лоши страни, а наша задача е да ти неутрализираме нивните силни страни и максимално да ги искористиме слабостите. Мислам дека не треба да си наметнуваме дополнителен притисок за ово натпревар. Играме во нашата сала, пред нашите гледачи, и мораме да го дадеме максимумот за да стигнеме до наідобриот можен резултат против Гумерсбах. Не би сакал да ставам преголем притисок врз играчите, но секако дека ке се обидеме да доідеме до победа против Гумерсбах. а повикувам публиката да доде во што поголем број, тоа ке ни значи многу, вели заврши Ристевски.

Натпреварот мегу Еурофарм Пелистер и Гумерсбах се игра вечер во салата „Боро Чурлевски” со почеток од 20,45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »