На 17.11.2026 во 00:50 часот на ул. „Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода З.Д. (40) од Битола.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршени проверки било констатирано дека З.Д., го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






