Press "Enter" to skip to content

Во КИЦ Битола филмска недела посветена на македонската кинематографија

-Седум дена. Седум култни македонски филмови. Бесплатен влез за сите проекции!

Културно-информативниот центар – Битола, во соработка со Кинотеката на Македонија, ја најавува филмската недела посветена на македонската кинематографија, која ќе се одржи од 19 до 25 ноември, во кино-салата „Кино Манаки“ на Широк Сокак во Битола.

Во текот на седумте фестивалски вечери, битолската публика ќе има можност да проследи седум култни остварувања од поновата историја на македонската кинематографија – филмови кои со својата уметничка вредност, автентични приказни и препознатлив авторски израз оставиле значаен белег во македонската филмска уметност.

Овој проект, во организација на КИЦ Битола, е наменет како за љубителите и познавачите на филмската уметност, така и за новите генерации филмска публика, кои заслужуваат можност да ги запознаат и доживеат овие исклучителни дела од македонското филмско творештво.

ПРОГРАМА

19.11. – „Прашина“ | 20:00 часот

20.11. – „Среќна нова ’49“ | 22:00 часот

21.11. – „Тајната книга“ | 20:00 часот

22.11. – „Бал-кан-кан“ | 20:00 часот

23.11. – „Тетовирање“ | 20:00 часот

24.11. – „Црно семе“ | 20:00 часот

25.11. – „Пред дождот“ | 20:00 часот

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН ЗА СИТЕ ПРОЕКЦИИ!

Ве покануваме да бидете дел од оваа филмска недела и заедно да го прославиме македонскиот филм, творештвото на нашите филмски автори и богатото кинематографско наследство.

КИНО МАНАКИ – ФИЛМОТ ПРОДОЛЖУВА!