Press "Enter" to skip to content

Санирано оштетувањето на Алиментациониот канал на ХС „Стрежево“

Стручните тимови на Хидро системот “Стрежево“ од Битола ја завршија санацијата на оштетувањето на Алиментационио канал (собирен канал), навремено спречувајќи можност за поголема хаварија и дополнителни загуби на вода.

Оштетувањето на каналот беше откриено при спроведување редовна теренска контрола. При контролата беше забележано истекување на вода под конструкцијата на каналот, што беше причина за ерозија на околниот терен и поткопување на подлогата.

Интервенцијата опфати машински ископ и детална проверка на состојбата, изведба на дренажа, стабилизација на подлогата, како и внатрешна репарација и хидроизолација. Со навремената и стручна интервенција, оштетувањето е целосно санирано, а загубите на вода се елиминирани.

ЈП „Стрежево“ продолжува посветено да ја одржува и унапредува хидротехничката инфраструктура преку редовни контроли и навремени интервенции, во интерес на сигурно и непречено функционирање на системот и обезбедување стабилно водоснабдување за сите корисници.

More from ВестиMore posts in Вести »