Press "Enter" to skip to content

ЖРК Пелистер пред елиминација од Џелинџ купот

Наиса – Пелистер 33:26 (12:13)

Женската екипа на Пелистер е пред елиминација од осминафиналето од Џелинџ купот по синошниот пораз од екипата на Наиса од Ниш, Србија. Тие во Челинџ-двомечот се поразени од нишлијките со 33:26, а денес го играат и вториот натпреавар. Двата натпревари екипата на Пелистер ги игра во Ниш.

Инаку, според извештаите од Ниш, ракометарките на Пелистер, одиграле рамноправно прво полувреме, а по 30 минути имале и предност од еден гол, 12:13.

На почетокто на второто полувреме домаќинките ја анулираа предноста во првите минути и од минута во минута ја зголемува разликата за конечни 33:26.

Во екипата на Пелистер Чокели и Јанкуловска со по шест гола беа најефикасни.

More from СпортMore posts in Спорт »