Во пресрет на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, кој се одбележува на 1 декември, Ротаракт клуб Битола, во соработка со Aurum Kitchen Bar, организира хуманитарна stand-up comedy вечер со добро познатото дуо Тино и Атанас.
Настанот ќе се одржи на 30 ноември (понеделник), со почеток во 21:00 часот, во Aurum Kitchen Bar – Битола, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во вечер исполнета со хумор, интересни приказни и препознатливата енергија на ова дуо. По stand-up настапот, вечерта ќе продолжи со музичка програма во живо со Nala Band.
Она што ја прави оваа вечер посебна е нејзината хуманитарна цел. Настанот не е замислен само како можност за забава и дружење, туку и како начин преку заедничка иницијатива да се придонесе за оние на кои помошта им е најпотребна. Средствата собрани од настанот ќе бидат донирани таму каде што се најпотребни, со цел да се даде конкретен придонес и поддршка на заедницата.
Со оваа иницијатива, Ротаракт клуб Битола уште еднаш ја потврдува својата посветеност на хуманоста, општествената одговорност и активното вклучување во иницијативи што носат позитивни промени. Истовремено, одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА е потсетник за важноста на подигнувањето на јавната свест, информирањето, поддршката и солидарноста.
Влезницата за настанот изнесува 1.000 денари.
Сите заинтересирани можат да направат резервација на телефонскиот број 076 942 600.
Да се насмееме, да се дружиме и заедно да направиме добро дело!






