Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен од Алкалоид во Скопје

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 30:28 (14:10)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола е поразена од Алкалоид на гостински терен со резулат 30:28, полувреме 14:10, во дербито на 11. коло од македонската ракометна Суперлига. Ученикот Лазаров го победи учителот Червар, а победата е од двојна вредност за Алкалоид, затоа што мечот важеше и за бодови во Регионалната лига.

Натпреаварот се отвори со 1:3 за Пелистер, по што Алкалоид го сврти дуелот во своја корист 4:3. Во продолжението се играше израмнето, се до осумнаесеттата минута, кога од 10:9, домаќинот направи сериозна разлика и на пауза се заминљ со 14:10.

Вториот дел започна со гол за Алкалоид за 15:10, а во 36. минута Алкалоид дојде и до плус шест (19:13). “Пелистерци“ се вратија на 21:18. На десет минути пред крајот, Алкалоид имаше 26:22, а иако пелистерци правеа се да се вратат во мечот, не успеаја во намерата и останаа без бодови во „Автокоманда“.

Најдобар стрелец на мечот беше Никола Костески со седум гола, пред Игор Ѓорѓиев и Нејц Цехте со по четири постигнати гола. Одличен на голот на Алкалоид беше Марко Кизиќ со десет одбрани. Кај Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски даде седум гола, Рудолф Хакбарт додаде пет, а Никола Митревски забележа 11 одбрани.

Фото: РК Алкалоид

More from СпортMore posts in Спорт »