Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремен дожд, температурата до 23 степени

Денес, петок, 20 ноември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 23 степени.

Утре, сабота, 21 ноември, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 18 степени.