Постојат места што не се само дел од Битола туку стануваат дел од животот на генерации луѓе. Места што со текот на годините создаваат спомени, пријателства, незаборавни вечери и приказни што се прераскажуваат. Едно од тие места е “Расчекор“.
35 години музика, енергија, дружење и незаборавни моменти. 35 години во кои низ нашиот клуб поминаа генерации, се менуваа музичките трендови, доаѓаа нови лица, но едно нешто остана исто – желбата да создадеме атмосфера поради која секогаш вреди да се излезе, да се сретнат пријателите и да се доживее уште една посебна вечер.
“Расчекор“ не е само клуб. Тој е дел од ноќниот живот на Битола, место исполнето со емоции, позитивна енергија и моменти што остануваат во сеќавање. Зад овие 35 години стојат безброј насмевки, први средби, пријателства, љубови, танцување до раните утрински часови и спомени што времето не може да ги избрише.
35 години “Расчекор“.
Една приказна. Многу генерации. Безброј спомени.
Расчекор – приказната продолжува!






