Press "Enter" to skip to content

Новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ, во посета на Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска оствари работна средна со новиот турски амбасадор во Македонија Алпер Акташ, на кој му посака добредојде во Битола и го информираше за градот со својата културна и историска традиција.

На средбата градоначалникот Коњановски го запозна амбасадорот Акташ со досегашните добри релации на Битола со неговата земја и со збратимениот град Бурса, во насока на продлабочување на соработката.

Двајцата соговорници ги потврдија одличните релации на соработка на повеќе полиња, со акцент на економијата и културата,  како и во делот на туризмот, каде туристите од Турција се едни од најбројните кои ја посетуваат Битола.

Градоначалникот Коњановски и амбасадорот Акташ изразија подготвеност за продолжување на редовната комуникација и за интензивирање на соработката.

More from ВестиMore posts in Вести »