Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за зимската приказна за дочек на 2027 година

Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организација и реализација на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2027 година.

Право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата и културниот туризам, со достава на апликација потпишана со печат и скенирана електронски на е-маил адреса zimskaprikazna@bitola.gov.mk  или во архива на Општина Битола шалтер бр.3 ( работно време  од 7:30 до 15:30 ч).

Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од Градоначалникот.

Настаните ќе се реализираат во периодот од 21.12.2026 до 07.01.2027 година, а крајниот рок за доставување на апликациите е 02 декември 2026 (среда)  на е-маил до 23:59 часот  или физички  до 15:30 часот.

Повеќе информации на следниот линк:
https://www.bitola.gov.mk/javen_povik_zimska_27/