Битолчанецот, Ѓуро Илиќ, мајстор за реален аикидо, седми дан, викендов, беше еден од предавачите на меѓународниот семинар за реален аикидо и други вештини кој се одржа во Белград, Србија.
-Организарот на овој семинар беше Светскиот центар за реален аикидо во Белград, на кој имав предавања на тема “Кршење (temeshivari) и удари во реалниот аикидо“. На предавањето, кое беше наменето за тренери, како и целиот семинар, имаше аикидо мајстори од Србија, Бугарија, Романија, Грција и Македонија. Доста успешен семинар, а јас презентацијата на предавањето ја направив со моите асистенти од Македонија, а дел беа и од Битола, ни рече по враќањето во Битола, Ѓуро Илик, аикидо мајстор 7 дан.
Домаќин на семинарот беше Светскиот центар за реален аикидо во Србија, кој го води аикидо мајсторот, Ана Врачаревиќ, која е ќерка на Љубомир Врачаревиќ “таткото“ на оваа модерна боречка вештина.

Ѓуро Илиќ ги едуцираше балканските аикидо-мајстори на семинар во Белград (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Големо светско признание за Ѓуро Илиќ од Битола во Јапонија промовиран за носител на мајсторски, црвен, појас 10 дан
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)





