Тренерот на Пелистер, Дарко Крстески и Пелистер добија ново неочекувано засилување, а тоа е искусниот фудбалер, битолчанецот, Благојче Љамчевски.
Љамчевки го раскина договорот со екипата на Победа и откако стана слободен фудбалер се врати во својот матичен клуб, Пелистер.
Љамчевски беше во Пелистер кога екипата беше прволигаш, а по испаѓањето во Втората лига тој замина во скопскиот прволигаш Шкупи.
Сега во Пелистер се двата браќа Благојче и Петар Љамчевски, што сигурно ќе бидат тандем во нападот.






