Во пресрет на пролетниот дел од сезоната, одбојкарките на Пелистер Волеј како и целиот стручен штаб ја добија новата опрема од брендот “спортика“, специјализан за опрема за одбојка.
Радоста на одбојкарките на Пелистер Волеј кога на вчерашниот тренинг ја добија и промовираа компетната опрема за натпевари и тренинг, не може да се искаже со неколку новинарски редови. Новата опрема која тие ја “задолжија“ е набавена благодарение на нивните генерални спонзори “Евротип“ обложувалници, “Голд Слот Клуб“, “СН осигурителен Брокер“ АД Битола и “СН Финансиско Друштво“, кои се одлучија да застанат зад Пелистер Волеј.
Првиот тим и младинската екипа на битолските одбојкарки заедно со стручниот штаб во иднина на одбојкарските терени ќе настапуваат со ново лице, онака како што му доликува на една прволигашка екипа.
Екипата на “Битолањуз“ присуствуваше на нивниот тренинг и преку нашиот објектив имате ексклузивна можност први да ги видите фотографиите на овие прекрасни одбојкарки, облечени во новата опрема, кои благодарение на успесите ги постигнуваат веќе се препознатлив бренд, репрезенти на нашиот град, како во Битола, така и на одбојкарските арени насекаде низ државата.

Пелистер Волеј брендиран од глава до пети во спортскиот бренд “спортика“ (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Денес Пелистер во 14,30 ќе “брка “пет од пет“ во плеј-офот
- Екипата на ЕСЗ победник на меморијалниот турнир посветен на загинатите бранители (фотогалерија)
- Пелистер го победи МЗТ сред Аеродром, го симна од првото место и закажа полуфинале со нив
- По триумфот над лидерот, на ред е шампионот, Стајиќ: да продолжиме со добри игри и против МЗТ
- Пелистер ја победи Брера и освои три бода важни за опстанок





