-Наградени 29 ученици, спортски таленти од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ за постигнати спортски резултати во училишниот спорт и спортски активности во битолските спортски клубови.
-Наградите ги обезбедија спонзорите “Hardcore shop“ и “Runners“.
Спортски настан со презентации на тема “Спорт и здрав начин на живот“ беа одржани во ОУ „Св Кирил и Методиј“ во рамки на професионалната заедница за учење – на надарени и талентирани ученици. Наградени беа 29 ученици кои оваа учебна година, покрај во образовниот процес се истакнаа и во спортските активности во училишниот спорт и надвор од училиштето, во битолските спортски клубови каде активно тренираат и настапуваат.
–Настанот го започнавме минатата учебна година, а целта ни е да го промовираме спортот и здравиот начин на живот кај младите, нашите ученици. На презентацијата, за спортот и мотивациони пораки читаа учениците од VIII одделение. Целиот настан го координираа членови на тимот за надарени и талентирани ученици Јасмина Стојановска, психологот Жанета Ристевска и наставникот по физичко и здравствено образование Џими Геровски кој ги предложи учениците таленти, ни објасни директорот Душко Костовски кој се залага за промоција на спортот и здрав начин на живот.
-Им благодариме на спонзорите кои го наградија нашите спортисти и им дадоа мотивација за понатамошни успеси “Hardcore shop“ и “Runners“. Се надеваме настанот да ни стане традиција и да продолжи и следната со повеќе спонзори, додаде Костовски.
Беа наградени 28 ученици од VI одделение беа најмладите и најавено како нашите надежи тоа беа учениците: Христијан Дракуловски, Матеј Мицевски, Наум Марковски и Благојче Димитровски.
Наградени од VII одделение: Ева Трпеновска, Евгениа Дамева, Костадин Николовски, Томче Пецаковски, Александар Мицевски, Љубен Неделковски.
Наградени од VIII: Ангела Јовановска, Бојана Тодорова, Георгина Димитровска, Стефан Милошевски, Михаил Петковски, Марко Белевски, Михаил Ѓоревски.
Учениците од IX одделенија кои се успешни спортисти и играат за екипи како: младинските школи на ФК Пелистер, Топ гол, Пелистер волеј, Младост, КЛ -7 и други.
Тука се учениците: Анастасија Дракуловска, Андреа Стојановска, Георгина Станковска, Ева Пајаковска, Ема Ташковска, Јована Балуловска, Јорго Милошевски, Иван Пасков, Тоше Беделовски, Стефан Ристевски, Христо Динев, Леонардо Џунковски.
Презентација за спорт и развивање на мотивација со мотивациони пораки подготвија ученици со психологот Жанета Ристевска. Тоа беа новинарите за спорт Бојана Тодорова, Аница Нелоска, Анастасија Дракуловска, Георгина Димитровска и Мартин Кочишки од VIII одд. Презентери на настанот беа Дамијана Ристевска и Љубен Неделковски од VII одд., а техничка подршка и музика Христо Динев IX одд. Фотографиите ги направи ученикот Христијан Кочовски.






