Press "Enter" to skip to content

Татко и син, Цане и Кире Грбевски, добија посебни признанија

Не се ретки семејствата во Битола каде спортската традиција се продолжува кај неколку генерации, а еден од многуте такви битолски семејства се Грбевски.

Сојузот на спортови вчера му додели две награди на таткото и синот Грбевски, Алексабдар Цане доби златна плакета за ветеран на битолскиот спорт, а синот Кире признание по предлог на Сојузот за училишен спорт.

-Ми направивте чест со плакетата за ветерани, а посебно се израдував кога до мене ги видов Јурак и Шошкичо, мои пријатели и дел од фудбалскиот клуб Пелистер. А се потсетив и на времето кога како фудбалер бев спортист на Битола. Но, секако дека посебна радост е задоволство е ова што сега ме фотографирате со мојот син Кире, кој продолжува по мојот пат, кој трае повеќе од педесетина години, среќен ни изјава Цане Грбевски.

Цан бил еден од најдобрите фудбалери на Пелистер, бил тренер на неколку генерации на млади фудбалери, а работел како професор по физичко воспитување.

Неговит син Кире продолжува по негпвиот пат, бил фудбалер, сега е сопственик и тренер на ЖФК Топ гол и тренер на младинска женска фудбалска репрезентација. Сега е професор по физичко виспитување во Горната Гимназија, за што го доби признанието.

More from СпортMore posts in Спорт »