Press "Enter" to skip to content

Прес-конференција на Еурофарм Работник, очекуваат позитивен резултат во недела (фото)

На денешната средба пред 4. коло од ЕХФ купот зборуваа со новинарите како претставници на Еурофарм Работник зборуваа тренерот -Стевче Алушовски и левото крило-Гоце Ојлевски.

Тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски, в недела во спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе го има својот прв натпревар на клупата со “фармацевтите“, откако пред десетина дена ја презеде екипата. Алушевски пред натпреварот против екипата на Нексе од Нашице, се осврна на претходната средба во Хрватска и очекувањата од неделната во Битола.-Покажавме две лица во Нашице во саботата, добро прво полувреме и лошо второ. По анализите кои ги направив мислам дека в недела ќе ги исправиме грешките од кои извлековме поука, а ќе ги оставиме оние работи кои функционираа добро. Овој натпревар ќе бид сосема поразличен од тоа што беше таму. Ќе инстистирам од сите да одиграме константно во сите 60 минути. До колку се придржуваме на она што ќе го договориме и поставиме како тактичка замисла се надевам на позитивен резултат. Екипата на Нексе е фаворит, игра СЕХА лига неколку години, а тоа не ни дава право пред натпреварот да се знае победникот. Играме на домашен терен, ќе дадеме се од себе за на крајот сите да се радуваме на позитинен резултат, иако за некој звучи преоптимистички, но анализата покажува дека можеме.

Алушевски за составот на екипата во недела додаде:

-Имаме доста повредени ракометари, оние кои не беа во Нашице повторно нема да бидат в тимот, Пецаковски и Чурлевски, а Михајло Петровски е повреден. Деновиве на мала повреда се жали и Остроушко, не знаме како ќе биде во наредните денови, а се надевам дека со него ќе имаме пет бека за недела. Ќе додадам дека знам дека е тешко да се навикнат ракометарите на новиот систем. Сепак, наша цел не е само да се подготвиме на Нексе, туку подготвени да го дочекаме плеј-офот. Овие шест европски натпревари ни се подготовка за најважното кое следи.Левото крило на Еурофарм Раборник, Гоце Ојлески, посакува подобро издание во однос на претходниот меч.

-Со новиот тренер Стевче Алушевски оваа екипа доби освежување и подобрување во играта, но не сме на ниво на кое треба да бидеме. Има простор за подобрува на што ќе работиме до недела. Во Нашице не беше доволно само едно полувреме за позитивен резултат, а се надевам дека во недела нема да ни се повтори натпреварот против Татабања. Тоа е заборавено, одиме напред, в недела ќе дадем максимум за позитивен резултат.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »