Press "Enter" to skip to content

Државно во скијање на Пелистер, листа на основци и средношколци од Битола со пласман

Денес на ски-патеката “Копанки“ на Пелистер се одржа државното првенство во скијање, велеслалом, за ученици од основни и средни училишта. Првенството заедно го организираа Федерацијата за училишен спорт, Општинскиот сојуз на училишен спорт, ски-клубот Пелистер и Скијачката федерација на Македонија.-На трката се појавија ученици од градовите каде има скијачки клубови  Битола, Крушево, Скопје, Тетово, Гостивар и Велес. Вкупно на стартот се појавија  215 скијачи, а од Битола имаше 50 скијачи, рече Михајло Трампевски претседател на сојузот за  училишен спорт од Битола.

Во категорија девојчиња до 5 одделение најдобро пласирана битолчанка е Ангела Ристевска од О.У. “Стив Наумов“  и тоа на петтото место. Во машка конкуренција Огнен Тодоров од ОУ “Св.Кирил и Методиј“.Во категорија девојчиња од 6 и 7 одделени најдобро пласирана на петто место е Ана Дабиќ од ОУ “Св. Кирил и Методиј“, Илина Козарова од ОУ “Гоце Делчев“ на седмо место и Евгенија Негреска од ОУ “Климент Охридски“ на осмо место. Во машка конкуренција најдобро пласиран е Дони Петличков од ОУ “Гоце Делчев“, Филип Георгиев од ОУ “Стив Наумов“ на осмо, Стефан Димовски од “Климент Охридски“ на 12, и Леонид Степанулевски од “Тодор Ангелевски“ на 16 место.

Во категорија девојчиња од 8 и 9 оддление најдобро пласирана е Наталија Чона на второ место од “Стив Наумов“, а  Емилијана Ризовска од “Коле Канински“ на трето место.

Во машка конкуренција на ученици од 8 и 9 одделени најдобро пласиран битолчанец е Христо Динев од “Св. Кирил и Методиј“ на петто место, а Христијан Павловски од истото училиште на 16 место. Мартин Гроздановски од “Даме Груев“ се пласира на 17 место.Прво место освои Мила Димовска од Гимназијата „Јосип Броз Тито“ кај средношколците од прва и втора година. Мила Ивановска се пласира на 3 место, Евгенија Божиновска на четврто, Марија Марковска на шесто место, сите ученички во  Горната Гимназија. 

Во машка конкуренција во прва и втора година, најдобро пласиран Теодор Капинковски на петто место од Горната Гимназија. Андеј Мицков на шесто, Андреј Петревски на осмо, Данило Прелевиќ,   на деветто, а сите се од Горната Гимназија. Лазар Вангелов од Техничко е на 12 место, а следуваат и Виктор Илиовски, Павел Тасевски и Петар Гацевски.

Во конкуренција на  средношколки од трета и четврта година Софија Петличковска од Горната Гимназија е второпласирана,  Матеа Цветковска од истото училиште е на четвртото место. Андреа Секуловска е на шесто, а Косара Лутовска на седмо место, и двете од Горната Гимназија.

Во машка конкуренција кај трета и четврта година најдобро пласиран е Никола Неделковски од Горната Гимназија на четвртото место, а Ѓорѓи Стојановски од истото училиште е на седмото. пласман обезбедија и Благој Тошев, Горазд Трајков, Дарко Чаушевски и Андре Бутурац.

More from СпортMore posts in Спорт »