Press "Enter" to skip to content

Вечерва Еурофарм Работник го пречекува Нексе

Екипата на Еурофарм Работник во рамките на четврто коло во ЕХФ Купот,  вечерва од 19 часот во Битола го пречекува Нексе, од Хрватска, а екипата за прв пат во Битола ќе ја води новиот тренер Стевче Алушевски. 

Екипата на Нексе од Хрватска, според тоа што досега од три натпревари има три победи е фаворит, но тренерот Стевче Алушевски, на прес конференција најави и можен позитивен резулта, како што рече од направените анализи тоа е можно, ако се одигра според договорот.

Еурофарм има проблеми со повредите на Чурлевски, Пецаковски и Петровски кој нема да бидат во тимот, а малата повреда на Остроушко е санирана и ќе биде на тереност во салата “Боро Чурлевски“.

Влезниците по цена од 150 денари се во продажба, а од средбата, Еурофарм Работник – Нексе ќе има директен пренос на Спортклуб 2.