Press "Enter" to skip to content

Историска победа на Еурофарм Работник, Нексе поразен во Битола (фото)

Еурофарм Работник 29:28 (14:12)

Ракометарите на Еурофарм Работник ја забележаа првата, историска победа за нивната клубска историја, во ЕХФ купот откако во Битола славеа над Нексе со 29:28, полувреме 14:12, во групната фаза на Купот на ЕХФ.

Победата е по трите порази во групната фаза, над досега непобедливиот Нексе од Нашице, лидерот на табелата во “Б“ групата.Стартот беше со цврста одбрана на двете екипи, а првиот гол беше постигнат во 6. минута, за водство на битолчани од 1:0. Во 10. минута беше 3:0, гостите првиот гол го постигнаа во 12, минута. Нексе за првпат израмни на 10:10, а на одмор се отиде со предност на домаќинот14:12.

Вториот дел со два гола на Еурофарм и резултат +4 (16:12), а потоа со публиката ракометарите се радуваа о на +6 (18:13). На средина на вториот дел беше +7 (23:16), по што следуваше мала криза кај  Еурофарм, а  во последните десет минути се влезе 24:21. +7 (23-16), на 15 минути од крајот на мечот. Следуваше луда завршница во која за неполна минута гостите се вратија во игра и дојдоа и до напад за реми, на крајот домашните, сепак, победија со 29:28.Стевче Алушовски, на пресот по завршувањето на натпреварот рече:

-Знаевме дека Нексе ќе сака победа, но ние одигравме меч како што се договоривме и среќни сме на првите бодови. Тие играат одлично “седум  на шест“ и гиимаат веројатно најдобрите кружни напаѓачи во светот. Цела недела напорно работевме за овие 60 минути, во кои имавме и добри и лоши моменти, но добро е што на крај ја остваривме целта и запишавме значајна победа. 

Филип Кузмановски по победата рече:

-Најпрво сакам да ѝ се заблагодарам на публиката, битолчани беа нашиот осми играч. Нексе е одличен тим, но нашата добра анализа вроди со плод и знаевме како треба да одговориме на сите нивни налети. Со новиот тренер екипата доби многу, и затоа сите ракометари вечерва оставивме срце на терен за историска победа.

More from СпортMore posts in Спорт »